ДОМА / Вести (Страна 19)

Вести

ЗАСТАРЕНИОТ ВОЗЕН ПАРК НА ЈКП ДЕРВЕН – ПРИЧИНА ЗА НЕМОЖНОСТ ЗА РЕДОВНО СОБИРАЊЕ НА СМЕТ ОД ДОМАЌИНСТВАТА

Недостатокот од инвестиции во обнова на возниот парк на комуналното претпријатие што се случуваше во изминативе десетина години го доведе претпријатието до ситуација да не биде во состојба редовно да извршува дел од услугите спрема корисниците. Поточно, станува збор за собирањето смет од домаќинствата. Претпријатието во моментов располага со 9 …

Повеќе »

Завршена реконструкцијата на водоводна линија на ул. Димитар Влахов – спој со ул. Родна Ивева

Денеска (24.04.2019) заврши реконструкцијата на застарената водоводна линија на ул. Димитар Влахов – спој со ул. Родна Ивева, која беше започната пред две седмици.

Повеќе »

Исчистена дива депонија зад театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот

И покрај тоа што оваа локација не спаѓа во надлежност на ЈКП Дервен, со цел да им излеземе во пресрет на нашите сограѓани кои се пожалија дека е создадена дива депонија на спојот меѓу ул. Благој Ѓорев и ул. Алексо Демниев, зад новата театарска зграда, денеска истата е исчистена. Пред: …

Повеќе »

Поставување на заштитна ограда за контејнерите за смет на ул. Лазо Осмаков

Откако во два наврати контејнерите за смет на ул. Лазо Осмаков беа превртени во вандалски чин од страна на непознати лица, денеска се поставува заштитна ограда за нив.

Повеќе »

Подготовка за поставување јавни чешми во новиот парк кај училиштето Коле Неделковски

Денеска (24.04.2019), во соработка со Општина Велес, Секторот Водовод работи на поставување на водоводни и одводни цевки за јавни чешми за новиот парк што се формира во дворното место на училиштето Коле Неделковски.

Повеќе »

Чистење на опожарена куќа на ул. Петре Милевски

По налог на Општина Велес, денеска (23.04.2019), ЈКП Дервен работи на расчистување, собирање и транспорт до депонија на се што било зафатено со пожарот во станбена куќа на ул. Петре Милевски.

Повеќе »