ДОМА / Вести (Страна 21)

Вести

Миење на сообраќајници во индустриска зона во н. Речани и ул. Луј Пастер

По налог од Општина Велес, денеска (17.04.2019) продолжува миењето на сообраќајниците во индустриската зона во н. Речани. Исто така, измиена е и ул. Луј Пастер.

Повеќе »

Поставување на заштитна ограда – видиковец на ул. Браќа Капчеви

По налог на Општина Велес, а поради непосредната близина на р. Вардар, се поставува заштитна ограда со мрежа кај видиковецот на ул. Браќа Капчеви.

Повеќе »

Нови косилки за одржување на јавните зелени површини

За потребите на Секторот Паркови и зеленило, а со цел поефективно и поефикасно одржување на градското зеленило, набавени се 2 рачни самоодни косилки и 6 грбни машински косилки – тримери. Набавката е извршена со сопствени средства на претпријатието.

Повеќе »

Повик до граѓаните – РЕДУЦИРАЈ, РЕУПОТРЕБИ, РЕЦИКЛИРАЈ

Почитувани граѓани, Навиките во постапувањето со отпадот што го создаваме мора да ги менуваме. Депониите се преполни со отпад кој има употребна вредност. Трупаме отпад и создаваме потенцијални жаришта на болести и инфекции кои може да ги пренесат стаорците, комарците, мувите и другите инсекти во нашите живеалишта. Затоа, крајно време …

Повеќе »

Вандализам на ул. Лазо Осмаков

Во доцните вечерни часови синоќа (12.04.2019), пронајдени се превртени контејнери за смет на ул. Лазо Осмаков, зад редот кафулиња спроти гимназијатата Кочо Рацин.

Повеќе »