ДОМА / Вести (Страна 5)

Вести

Расчистување на неорганизирано зеленило на ул. Васил Главинов

Денеска (12.07.2019 година), по налог на Општина Велес се коси и расчистува неорганизирано зеленило долж ул. Васил Главинов.

Повеќе »

Прекин на водоснабдувањето на објектите кај езеро Младост

По неколкудневните проблеми со снабдувањето со вода на објектите на е. Младост и теренските испитувања од страна на ЈКП Дервен, утврден е дефект на водоводна линија пред влез на шахта на тешко пристапен терен. Во моментов се работи на ископ и санација на дефектот. Се извинуваме за непријатноста.

Повеќе »

Косење обраснато зеленило на повеќе локации на ул. Благој Ѓорев

Денеска (11.07.2019 година), по налог на Општина Велес, Секторот Паркови косеше трева и обраснато зеленило на повеќе локации на ул. Благој Ѓорев: долж каналот во н. Тунел, кај касарната и споменикот на Панко Брашнар.

Повеќе »

Завршена реконструкцијата на водоводна линија на ул. Димче Мирчев

Денеска (10.07.2019 година), по налог на Општина Велес, Секторот Водовод заврши со реконструкцијата на водоводна линија на дел од ул. Димче Мирчев во должина од 45м.

Повеќе »

Миење на улици – ул. Тодор Јанев, Ѓорги Војтех и Браќа Капчеви

Денеска (10.07.2019 година), по налог на Општина Велес, Секторот Комунална хигиена врши миење на ул. Тодор Јанев, ул. Ѓорги Војтех и ул. Браќа Капчеви.

Повеќе »

Завршена реконструкцијата на водоводна линија на ул. Првомајска – с. Горно Оризари

По налог на Општина Велес, завршена е реконструкцијата на водоводната линија на ул. Првомајска во с. Горно Оризари.

Повеќе »

АПЕЛ ЗА РАЦИОНАЛНО ТРОШЕЊЕ НА ВОДАТА ОД ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ

Имајќи во предвид дека водата за пиење претставува скапоцен ресурс и дека треба рационално и одговорно да се троши, апелираме до граѓаните да не ја користат водата што е наменета за пиење за наводнување на земјоделските култури затоа што, особено во с. Караслари, с. Горно Оризари и с. Сујаклари, капацитетот …

Повеќе »

Набавен нов компресор за сув воздух за потребите на Фабриката за вода

Набавен е нов компресор за сув воздух за потребите на генераторот за озон во Фабриката за обработка на вода, што ќе го замени дотрајаниот постоечки компресор. Компресорот за сув воздух е набавен за износ од 835.000,00 денари (со вклучен ДДВ), со сопствени средства на претпријатието, и е неопходен за процесот …

Повеќе »

Чистење и уредување на задниот двор на гимназијата Кочо Рацин

Денеска (04.07.2019 година), по налог на Општина Велес темелно се чистеше и миеше задниот двор на гимназијата Кочо Рацин, се кастреше обраснатото зеленило и се изврши поправка на кошевите и клупите на игралиштето.

Повеќе »