ДОМА / Вести (Страна 9)

Вести

Оштетена јавна чешма од вандали – предизвикан повеќечасовен прекин на водоснабдувањето

Во текот на ноќните часови во петокот (28.06.2019 година) непознати лица оштетиле водоводна инсталација на јавна чешма на раскрсницата кај пошта, што предизвикало неконтролирано истекување од водоводната линија на улицата и повеќечасовен прекин на водоснабдувањето во саботата за да се поправи штетата.

Повеќе »

Наскоро читање на водомерите со мобилни уреди

Денеска (26.06.2019 година) беше одржана обука за инкасаторите од ЈКП Дервен за користење на новата софтверска апликација за електронско читање на водомери преку мобилни уреди. По обуката ќе следи период на тестирање на софтверската апликација од околу месец дена, по што ќе се започне со примена на овој метод на …

Повеќе »

Апел до посетителите на Младинскиот парк – не фрлајте отпадоци насекаде!

Откако пред една седмица фонтаната во Младинскиот парк беше последен пат исчистена од страна на ЈКП Дервен, денеска (24.06.2019) е преполна со отпадоци што несовесни посетители на паркот ги фрлаат во неа наместо во корпите за отпадоци. Апелираме до посетителите на Младинскиот парк отпадоците да ги фрлаат во корпите за …

Повеќе »

Доделување канти за комунален отпад на ул. Јордан Јорданов

Денеска (24.06.2019 година), по налог на Општина Велес, Секторот Комунална хигиена доделува зелени канти за комунален отпад по домаќинствата на ул. Јордан Јорданов во н. Превалец.

Повеќе »

Расчистување неорганизирано зеленило кај раскрсницата кон с. Отовица

Денеска (22.06.2019) по налог на Општина Велес се расчистува неорганизираното зеленило кај раскрсницата кон с. Отовица.

Повеќе »

Завршена првата фаза од реконструкцијата на водоводната линија на ул. Белградска

Завршена е првата фаза од реконструкцијата на застарената водоводна линија на ул. Белградска, заедно со поврзувањето на куќните приклучоци од овој сегмент. Поради големината на зафатот, реконструкцијата е планирана во три фази. Со реконструкцијата ќе се реши проблемот со честата појава на дефекти, односно честите прекини на водоснабдувањето.

Повеќе »

Чистење на пристапен пат – е. Младост

По налог на Општина Велес, денеска (21.06.2019 година) се чисти и мие патот долж езерото Младост, на потегот од хотел Глориус до хотелите Романтик и Бела Вода.

Повеќе »