Connect with us

Главно Мени

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ

ЦЕНОВНИК НА УСЛУГИ НА ЈКП ДЕРВЕН

Јавното комунално претпријатие ДЕРВЕН се финансира исклучиво од продажба на вода и извршени услуги. Важечки цени на услугите се следниве:

за домаќинства:

вода – 31,62 ден./m3 + 5% ДДВ

канализација – 5,01 ден./m3 +5% ДДВ

исфрлање на смет – 1,50 ден./m2 +5% ДДВ

исфрлање на смет по дворно место – 0,20 ден.

за претпријатија и дуќани:

вода – 63,05 ден./m3 + 5% ДДВ

канализација – 7,66 ден./m3 +5% ДДВ

исфрлање на смет – 3,50 ден./m2 +5% ДДВ

исфрлање на смет по дворно место – 0,50 ден.

за училишта и детски градинки

вода – 31,62 ден./m3 + 5% ДДВ

канализација – 5,01 ден./m3 +5% ДДВ

исфрлање на смет – 3,50 ден./m2 +5% ДДВ

исфрлање на смет по дворно место – 0,50 ден.

РЕ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА – НАДОМЕСТОКОТ ПО НОСИТЕЛ НА ГРОБНО МЕСТО ИЗНЕСУВА

За одржување на гробиштата:

•             гробарина – 60 денари месечно

За доделување на гробно место:

•             надоместок за гробно место со тампониран простор околу гробот – 9.000,оо денари

•             надоместок за гробно место со поплочен простор околу гробот – 14.200,оо денари

•             надоместок за доделување употреба на старо гробно место со отстапување на трети лица преку нотар и внесување во евиденција на новиот корисник – 1.000,оо денари

•             надоместок за обележување и изработка на протокол за регулациона, градежна и нивелациона линија – 4.000,оо ден.

Надоместокот за пристап и користење на гробишна инфраструктура за носител на гробно место изнесува:

користење на ладилник – 50,оо денари /час

изложување на починат во мртовечница за верски обреди – 900,оо денари /час

користење сала за спомени на Раштанските гробишта – 700,оо денари /спомен

користење на мртовечница на Раштанските гробишта – 300,00 денари/спомен

Надоместок за пристап и користење на гробишна инфраструктура од страна на оператор на погрeбални услуги и на каменорезач изнесува:

– користење на ладилник – 50,00 денари/час

– изложување на починат во мртовечница за верски обреди – 900,00 денари/час

– користење лафет-количка за погреб – 200,оо денари /погреб

– влез на оператор на погребални услуги во гробиштата – 1.950,оо денари /погреб

– влез на каменорезачи: од 1 до 3 часа – 1.800,оо денари/час (цената важи за  правни и физички лица кои поставуваат споменик), секој нареден час – 600,оо денари/час.

РЕ ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО

Надоместокот за одржување и користење на паркови и јавни зелени површини изнесува: 0,9 денари од м2 и за физички и за правни лица.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА СМЕТКИТЕ

Сметките може да се платат во сите експозитури на Македонска пошта, Стопанска банка, Тутунска банка, Комерцијална банка и во благајна во Управната зграда на ЈКП ДЕРВЕН.

За сите рекламации во врска со состојбата на водомерот, обратете се на шалтерот на инкасантите, секој работен ден од 7.00 – 8.00 часот, во холот на Управната зграда.

За примедби на сметка, обратете се на тел. 043 231-011, локал 134, или во Управната зграда на ЈКП ДЕРВЕН, соба бр. 37.

За нас

СИМБОЛ

Continue Reading

За нас

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

ДИРЕКТОР: Антон Јовиќ

Помошник Директор за економски и правни прашања: Васил Николов

Помошник Директор за технички прашања: Елена Димова

Сектор Заеднички служби

Секторот Заеднички служби се состои од: Правно одделение со Оддел за односи со јавност и маркетинг, Комерцијално одделение со Оддел за набавки и магацин и Оддел за продажба и наплата, Сметководствено одделение, Одделение за човечки ресурси и Одделение за јавни набавки.

Сектор Водовод

Секторот Водовод се состои од: Одделение Фабрика за вода, Одделение за дистрибуција и одвод со: Оддел за Одржување, Оддел за Канализација, Оддел за Приклучоци и Оддел Баждарница, и Одделение за одржување на пумпни станици и резервоари.

Сектор Комунална хигиена

Секторот Комунална хигиена се состои од: Одделение за Износ на смет со: Оддел Автомеханичарска работилница, Оддел Депонија и Оддел за Складирање и третман на отпад, Одделение Јавна хигиена и Одделение Гробишта.

Сектор Паркови и зеленило

Секторот Паркови и зеленило се состои од: Одделение за Одржување на зеленило и постапување со деградирани дрвја и Одделение за Подигнување на парковски површини и изработка на парковски елементи.

Одделение Пазари

Одделение за Планирање, инвестиции и развој

Одделението за Планирање, инвестиции и развој се состои од: Оддел за градежништво и Оддел за Машино-браварски работи.

Continue Reading

За нас

ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ

ЈКП Дервен е јавно комунално претпријатие кое се бави со низа комунални дејности што опфаќаат: зафат, обработка и дистрибуција на вода за пиење, одведување на фекални води и одржување на уличната канализација, собирање и одведување на смет, подигање и одржување на градско зеленило, одржување на градските пазари, одржување на градските гробишта и други пропратни комунални дејности. Претпријатието претставува јавен сервис за граѓаните од општина Велес во областа на комуналните услуги. Работните задачи и деловниот успех на ЈКП Дервен се базираат на постигнувањето задоволство кај корисниците на нашите услуги преку обезбедување на редовни, континуирани, сигурни и квалитетни комунални услуги и постојано одржување на нивото на квалитет на истите. Ние настојуваме да го постигнеме и задржиме задоволството кај нашите корисници и преку примена на стандардите за квалитет како и почитувањето на релевантните законски прописи и норми. Политиката за квалитет се спроведува на тој начин што постојаното подобрување на квалитетот се состои во секој дел од нашите активности во рамки на услугите што ги обезбедуваме за нашите корисници.

Политиката за квалитет се темели на:

– задоволство кај корисниците на нашите услуги

– развој на кадрите преку дополнително образование, напредување, создавање на добри услови за работа, зголемување на мотивираноста и чувството на припадност во околината

– одговорност спрема заедницата со одговорен однос спрема природните ресурси и заштита на животната средина и здравјето на луѓето, почитување на законите, прописите и стандардите, отвореност кон јавноста, право на пристап до информации и етика во работењето

– политика за развој и инвестиции преку постојано вложување во развој и одржување на работните системи и опрема преку примена на современи технологии и решенија

Спроведувањето на политиката за квалитет и нејзиното континуирано подобрување е обврска на раководниот тим како и на сите вработени во ЈКП Дервен.

Continue Reading