Акција за чистење на зелен појас – Топилница

Во тек е акција за чистење на зелениот појас кај Топилница од комунален отпад и градежен шут, организирана од страна на Општина Велес, а по повод Денот на пролетта и деновите на екологијата. Во акцијата масовно учествуваат и вработените од ЈКП Дервен.
Досега се собрани над 100м3 отпад, но со оглед на загаденоста на локацијата, конечната количина се очекува да биде поголема.