Апелираме – не ги паркирајте автомобилите до контејнерите за отпад
Паркирањето на автомобили во непосредна близина на контејнерите за отпад, освен што согласно законот не е дозволено, претставува голем проблем за комуналците во градот, затоа што многу честа е појавата возилото за собирање на отпад да не може да пристапи до контејнерот, па отпадот останува несобран, или останува на локацијата и по половина час, се додека сопственикот на паркираното возило не дојде да го помести, при што се создава непотребна бука и ги вознемирува жителите на целата улица.
Секако, постои и можност да настане оштетување на паркираните возила, затоа што возилото за собирање на смет нема доволно простор за маневрирање.
Поради горенаведеното, апелираме до нашите сограѓани да не ги паркираат возилата во близина на контејнерите за отпад, односно при паркирањето да имаат во предвид дека треба да се обезбеди пристап до возилата за собирање на отпад.
Однапред благодариме.