Апел до граѓаните за совесно користење на канализацијата
И покрај тоа што пред неполн месец ЈКП Дервен ја исчисти канализационата линија на ул. Благој Ѓорев спроти Офицерскиот дом, по синоќешниот обилен дожд беше предизвикан дефект поради затнување на линијата со цврст отпад, при што настана оштетување на тротоарот долж улицата.
Апелираме до граѓаните да не фрлаат во WC школките отпад од домаќинствата, заради тоа што тој не се разградува и предизвикува затнување на канализацијата. Во случај на затнување на канализацијата, настануваат оштетувања на тротоарите и улиците, што доведува до високи трошоци за отстранување на дефектите, трошоци што се плаќаат од средствата на граѓаните. Однапред благодариме.