АПЕЛ ЗА РАЦИОНАЛНО ТРОШЕЊЕ НА ВОДАТА ОД ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ

Имајќи во предвид дека водата за пиење претставува скапоцен ресурс и дека треба рационално и одговорно да се троши, апелираме до граѓаните да не ја користат водата што е наменета за пиење за наводнување на земјоделските култури затоа што, особено во с. Караслари, с. Горно Оризари и с. Сујаклари, капацитетот на резервоарите за вода не е предвиден за наводнување на земјоделски култури туку единствено за пиење и за потребите на домаќинствата и доколку водата за пиење се троши ненаменски, во овие рурални средини се јавува недостиг од вода за домаќинствата.
Благодариме.