Зелената површина во влезниот дел на Градскиот парк во Велес се почесто станува место за паркирање на возилата на посетителите на паркот, при што се уништува тревата и зеленилото.


Потсетуваме дека паркирањето на јавни зелени површини подложи на законски казни и апелираме посетителите на паркот да бидат посовесни и да не го уништуваат зеленилото во кое сите граѓани треба да уживаат.