Апел – Не оставајте габаритен отпад до контејнерите за комунален смет
Денеска (01.10.2019 година), собран е габаритен отпад од ул. Борис Трајковски, расфрлан околу контејнерите за комунален смет.
Ги замолуваме нашите сограѓани, доколку имаат потреба од собирање на габаритен отпад (делови од мебел, јоргани, душеци, санитарии и сл.) да ја искористат можноста истиот да биде собран за време на бесплатната акција за собирање на габаритен отпад која се организира секоја пролет во месец април во соработка со Општина Велес, со цел габаритниот отпад да не стои расфрлан околу контејнерите за комунален смет и создава грда слика по улиците.
Однапред благодариме.