Вонредно миење на градските улици
Поради големата прашина по градските улици што остана по растурањето на ризла во текот на деновите кога имаше снежни врнежи и мраз, а со оглед на тоа дека временските услови тоа го дозволуваат, започнува вонредно миење на сите градски улици каде камионот цистерна може да пристапи.
Денеска се мие дел од ул. Благој Ѓорев (од поранешен Офицерски дом до спој со ул. 8 Септември) и ул. 8 Септември до Стар мост.