Голема летна акција за чистење на градот
1 min read
Големата летна акција за чистење на градот во која учество зедоа вработените од сите сектори на ЈКП Дервен беше денеска успешно спроведена.
Се чистеше на следните локации: ул. 11 Октомври со детско игралиште и околу кошаркарското игралиште зад продавницата на Симпо, ул. Петре Прличко со дворно место на зградите пред стариот театар и зад универзитетот Благој Страчковски, паркинг кај бифе скара Пармак, паркинг Петре Прличко-Стар мост, ул. Нада Бутникошарева со паркинг на Градски пазар (горен дел), кејот на р. Вардар (двете страни) и темелно чистење на Градскиот парк. Исто така, во склоп на оваа акција се изврши косење на неорганизирано зеленило на паркингот кај бифе скара Пармак и паркинг Петре Прличко-Стар мост.
Во акцијата беше собрано околу 70м3 отпад.