Електронско плаќање и проверка на сметки за комунални услуги
ЈКП ДЕРВЕН – Велес ги информира сите граѓани дека од денес 13.08.2018 година, како наши корисници, бесплатно може да ги користат он-лајн услугите за: детална проверка на сметките за потрошена вода и електронско плаќање на доспеаните сметки за комуналните услуги. За да можат да ги користат услугите потребно е да се најават (регистрираат) во системот на www.e-derven.mk. Плаќањето е без провизија, брзо, сигурно и едноставно on-line плаќање.
На овој начин се постигнува:
– следење на современите трендови за електронско плаќање,
– заштеда на време на корисниците на услугите на ЈКП ДЕРВЕН – Велес,
– избегнување на чекање во редица пред шалтерите во банките, пошти, наплатни центри,
– придонес во унапредување на екологијата.
За подетални информациии или забелешки можете да не контактирате на:
support@jkp-derven.com.mk или на телефон 043/231-011