10/04/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Завршена првата фаза од Студијата за искористување на отпад од органско потекло

1 min read

Вчера (30.05.2019) заврши првата фаза од изработката на Студијата за искористување на отпад од органско потекло од винариите во Вардарскиот плански регион, што претставува дел од Програмата за прекугранична соработка со Република Грција ИНТЕРРЕГ, а е во рамки на проектот БИОРЕАЛ кој е финансиран од ИПА 2 европскиот фонд.

Во просториите на ЈКП Дервен беше одржан состанок на кој беа презентирани резултатите од првата фаза на истражувањата за можностите за искористување на отпад од органско потекло од винариите во регионот, односно за одредување на најдобриот начин да се искористи био-отпадот.

Copyright © All rights reserved. | Newsphere by AF themes.