Завршни активности на ул. Благој Јосмов
При реконструкцијата на 250м водоводна линија на улица Благој Јосмов на левата страна на градот, финансирана од проект на Европската банка преку Општина Велес, од страна на ЈКП Дервен заменети се сите куќни приклучоци и истите се поврзани на главната водоводна линија.
Исто така поставен е и надземен хидрант. Поставувањето на хидранти во овие делови на градот ќе продолжи при секоја можност за поставување на истите, се со цел да овозможиме услови за брза реакција на противпожарната единица при незгоди од пожар, особено во вакви средини каде тешко стигнува противпожарно возило.
Директорот на ЈКП Дервен денес ја посети оваа локација на која се работеше во изминатиот период и изврши увид на сработеното.
На крај останува обврската на фирмата “Делта пром” за завршните работи кои опфаќаат враќање на улицата во првобитната состојба.