Известување за граѓаните – Акција за собирање на габаритен отпад
Почитувани граѓани,
Пролетната акција за собирање на габаритен отпад започнува од 1 Април и ќе трае до 1 Мај 2019 година.
Ја имате можноста габаритниот отпад од Вашите домови да го отстраните со повик на телефонот 043/233-768, секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот.
Во габаритен отпад спаѓа:
- Мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи
- Санитарии – кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалет шољи, славини за вода, огледала
- Градинарска опрема – огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи
- Друг габаритен отпад – ролетни,тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.
Габаритниот отпад не го изнесувајте на јавни површини и не го оставајте до контејнерите за отпад.
Ве молиме да придонесете за заштитата на урбаната средина и доколку сакате да се ослободите од габаритен отпад да се обратите до ЈКП „Дервен“.
Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна.
Ви благодариме за соработката,
Општина Велес
ЈКП „Дервен“