Известување за прекини на водоснабдувањето
Поради дефект на водоводна линија, денеска (26.02.2019) од 10:00 часот ќе има прекин на водоснабдувањето на ул. Владимир Назор, Св. Кирил и Методиј, Св Климент Охридски и Димко Најдов, се до завршување на работните активности.
Поради дефект на водоводна линија прекин на водоснабдувањето ќе има и на ул. 11 Октомври од 10:00 до 12:00 часот.
Вечерва, од 21:00 часот до 08:00 часот наутро прекин на водоснабдувањето ќе има на ул. Рилски конгрес и ул. Самоборска поради неопходна интервенција на водоводната мрежа.
Благодариме за разбирањето.