Известување за прекин на водоснабдувањето во н. Превалец и с. Горно Оризари
Почитувани,
Поради три последователни дефекти на водоводна линија, при што последниот дефект се случи вчера (10.05.2019) околу 16:00 часот, прекинато е водоснабдувањето на н. Превалец и с. Горно Оризари.
Причина за долготрајниот прекин на снабдувањето со вода (последниот прекин трае од 16:00 часот вчера), е непристапноста на водоводната линија за отстранување на дефектот, односно на местото на дефект линијата е покриена со дебел слој на бетон, и тоа го отежнува пристапот.
Поради подолгиот прекин на водоснабдување, обезбедена е цистерна со вода за потребите на жителите.
Работниците се на терен без прекин и работат на отстранување на дефектот, и ќе работат се додека тој целосно не се поправи.
Се извинуваме за непријатноста со уверување дека се вложуваат максимални напори за што е можно поскоро да се обезбеди нормално водоснабдување за жителите на н. Превалец и с. Горно Оризари.