Известување за прекин на водоснабдувањето
Поради дефект на електричната инсталација на ЕВН со која се напојуваат пумпите од резервоарот кај населба Оризари, прекинато е водоснабдувањето на оваа населба. Штом дефектот ќе биде отстранет од страна на ЕВН, повторно ќе почнат да работат пумпите и водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено. Истовремено, при градежни активности од страна на градежната компанија Изгрев, беше предизвикан дефект на водоводната линија на излезот од Велес кон населба Оризари. Екипите на ЈКП Дервен ќе работат на терен се до отстранување на дефектот.