Се известуваат граѓаните дека поради неповолните временски услови сметот нема да се собира во ноќните часови како досега, туку преку ден, доколку улиците се пристапни за возилата на ЈКП Дервен. Во централното градско подрачје и понатаму ќе продолжи ноќното собирање на смет.
