Известување 19.05.2020 година
Сметаме дека е потребно да ги известиме граѓаните дека поради состојбата со Корона вирусот, во изминатиов период голем дел од вработените од ЈКП Дервен беа распоредени на дезинфекција на јавните површини, па поради приоритетноста на овие активности, односно заштита на безбедноста и здравјето на граѓаните, косењето на јавните зелени површини се одвива со мало задоцнување. Исто така, работниците кои се хронично болни или се родители на деца до 10 годишна возраст и имаат потреба да останат дома и да се грижат за децата се ослободени од работните обврски, што допринесува активностите да се одвиваат забавено поради намалениот број на работници. Се надеваме дека граѓаните ќе имаат разбирање и трпение и ветуваме дека сите предвидени зелени површини ќе бидат искосени во најбрз можен рок.
Денес, 19.05.2020 година, се косат зелените површини на двете страни од ул. Алексо Демниев и паркот Каршијака, парк Гимназија и парк Офицерски дом.


