28/10/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Известување

1 min read

На улица Благој Ѓорев се работи на отстранување на стара дефектна азбест-цементна водоводна линија, што поради дебелиот слој на бетон на улицата ќе потрае подолго време од планираното. Водата не може целосно да се исклучи затоа што во тој случај без вода ќе остане Центарот за јавно здравје, па затоа ги известуваме граѓаните дека е можна појава на течење на вода по улицата, и ги замолуваме за внимателно возење по улицата, особено ноќва, кога температурите се ниски.

Работните активности ќе траат се до целосното отстранување на старата водоводна линија.

Благодариме за разбирањето.


Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.