26/09/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

ИЗВЕСТУВАЊЕ-ставање во употреба на подземните контејнери

Ги известуваме граѓаните,

дека поради ставање во употреба на подземните контејнери на ул. Методија Андонов Ченто (во близина на пешачкото мовче на битолска пруга, ул. Благој Ѓорев (подолу од театарот Јордан Хаџи Константинов – Џинот), ул. 8 Септември (до зградата на Основен суд – Велес) и ул. Илинденска (на десната страна од улицата, пред мостот Гемиџии), отстранети ќе бидат садовите за отпад кои досега се користеа на наведените локации, и граѓаните ќе можат сметот да го оставаат во новопоставените подземни контејнери.

Начин на употреба: Се притиска педалата на подземниот контејнер, се крева капакот и се остава сметот во вреќата.

Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.