22/06/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Кроење на градските дрвореди

Деновиве, по налог на Општина Велес, се работи на кроење на градските дрвореди на сите главни улици, при што се отстрануваат само ниските гранки кои им пречат на минувачите и возилата. Овие активности ќе бидат завршени пред отпочнувањето на манифестацијата „Рацинови средби“ која се одржува во средината на месец јуни.

Истовремено, по налог на Општина Велес, се работи на отстранување на стари и деградирани дрвја на повеќе локации во градот, дрвја кои претставуваат опасност за околината.

Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.