Млади велешани во акција за почиста околина
Додека вработените од ЈКП Дервен работеа на подготовка на парковската површина кај комплексот од станбени згради УЗУС, беа пријатно изненадени кога забележаа група на деца што самостојно одлучиле да го исчистат нивното спортско игралиште.


Им честитаме на овие млади луѓе за иницијативноста и желбата да ја унапредат средината во која што живеат. Тие се позитивен пример за развиена еколошка свест уште на рана возраст, наспроти уништувачите на урбана опрема, цвеќе, дрвја. Браво за децата!