01/08/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Набавено со донација ново возило за собирање и транспорт на смет – автосмеќар

Како дел од Програмата за прекугранична соработка со Република Грција ИНТЕРРЕГ, а во рамки на проектот БИОРЕАЛ кој е финансиран од ИПА 2 европскиот фонд, денеска (29.05.2019) за потребите на ЈКП Дервен Велес донирано е ново возило за собирање и транспорт на смет – автосмеќар, во вредност од 3. 190.000 денари.

Возилото е од марка ИВЕКО, со капацитет од 5.5м3, а наменето за собирање на смет од садови за смет од 120л до 1.100л.

Со оглед на фактот што ЈКП Дервен има сериозен недостиг од возила за собирање на смет, а повеќето од постоечките возила се толку стари што почесто се расипани отколку што се функционални, очекуваме со употребата на ова возило да се подобри ефективноста и ефикасноста на услугите на Секторот Комунална хигиена, односно да се подобри квалитетот на нашите услуги кон граѓаните.

Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.