28/10/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Набавено ново возило – цистерна за перење на градските улици

ЈКП Дервен набави ново возило – цистерна марка Рено, со капацитет од 8.000 литри, наменето за перење на градските улици. Ова возило ќе ги замени двете постоечки цистерни кои биле набавени во 70те години, а од кои само едната е во функција. Со пуштањето во употреба на возилото очекуваме зголемување на ефикасноста и ефективноста во работењето на службата, односно подобрување на чистотата на улиците.

Возилото е набавено со сопствени средства на ЈКП Дервен, во висина од 3.941.111 денари.

Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.