Набавено ново теренско возило ЛАДА НИВА
Поради зголемување на обемот на работа на одделението за дистрибуција и одвод во Сектор Водовод и канализација со превземањето на водоводните системи од руралните населени места во општината и проширувањето на градската водоводна и канализациона мрежа во градот и приградските населени места, возилата со кои располага ова одделение не овозможуваат навремени интервенции на службите за отстранување на дефекти и неправилности кои ги пријавуваа корисниците.
За да се надмине овој проблем и проблемот со застарените возила со кои овој сектор ги врши интервенциите, ЈКП Дервен Велес од сопствени средства набави ново теренско возило ЛАДА НИВА.