14/04/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Набавен нов компресор за сув воздух за потребите на Фабриката за вода

Набавен е нов компресор за сув воздух за потребите на генераторот за озон во Фабриката за обработка на вода, што ќе го замени дотрајаниот постоечки компресор.

Компресорот за сув воздух е набавен за износ од 835.000,00 денари (со вклучен ДДВ), со сопствени средства на претпријатието, и е неопходен за процесот на озонирање на водата, при што озонирањето е дел од процесот на обработка на суровата вода и допринесува за добриот вкус и квалитет на водата за пиење која се пласира во дистрибутивната мрежа.

Copyright © All rights reserved. | Newsphere by AF themes.