Набавка на машини за градежни активности
ЈКП Дервен набави две нови професионални машини за извршување на градежните активности на Сектор Водовод.
Набавена е пила за сечење на асфалт и бетон марка Хускварна од шведско производство, која ќе ја замени старата неупотреблива машина и која ќе се користи во градежните активности при појава на дефекти на водоводни линии. Досега слојот од асфалт или бетон се кршеше со хидрауличен ударен чекан (Хилте), но новонабавената машина овозможува прецизно сечење на бетонот или асфалтот и како резултат на тоа полесно враќање во првобитна состојба на сообраќајниците и тротоарите.
Исто така, набавена е и професионална градежна машина – виброплоча од марка Wacker Neuson од германско производство, наменета за набивање на земјен материјал, тампон, бекатон и асфалт, што ќе ја замени старата и неупотреблива машина, а чија употреба ќе допринесе за поквалитетно враќање во првобитна состојба на сообраќајниците по поправка на дефекти.