Непрописно паркираните возила – пречка за навремено собирање на сметот
Непрописно паркираните возила често оневозможуваат пристап до контејнерите за смет за камионите на ЈКП Дервен, поради што услугата собирање на смет не може да се изврши, па камионите се враќаат следниот ден да го соберат сметот, се разбира доколку сопствениците на возилата ги поместиле во меѓувреме. Ова резултира во негативни реакции од страна на граѓаните, кои вината ја бараат кај ЈКП Дервен.
Последен беше случајот на 24.10.2019 на ул. Кузман Јосифовски Питу, кога поради блокираната улица сметот не беше собран во утврдениот термин.


Апелираме до граѓаните при паркирањето на своите возила да водат сметка дека улицата не треба да биде блокирана, и дека пристапот до контејнерите треба да биде слободен. Благодариме однапред.