Озеленување на град Велес – 2018 година
ЈКП Дервен, поточно Секторот Паркови и зеленило, деновиве привршува со реализација на Програмата за реконструкција и подигнување на нови зелени површини на територијата на Општина Велес за 2018 год. Голем дел од предвидените операции и активности на планираните локации се успешно реализирани, поточно:
1. Реконструирана е зелената површина на ул.Благој Ѓорев во населба Тунел, околу детското игралиште, на површина од 1650 м2, на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со обновување на тревната површина и засадување на 10 броја листопадни садници Betula verrucosa и 7 броја листопадни садници Catalpa bignonioides.
2. Реконструирана е зелената површина на ул.Благој Ѓорев во населба Тунел – сквер Багремче на површина од 890 м2, на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со обновување на тревната површина и засадување на 4 броја листопадни садници Acer palmatum и 5 броја листопадни садници Acer negundo.
3. Реконструирана е зелената површина на ул.Лазо Осмаков пред амбуланта Хигиенски на површина од 365 м2, на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со обновување на тревната површина и засадување на 1 листопадна садница Acer palmatum , 5 броја зимзелени садници Thuja Smaragd и 10 зимзелени грмушки Buxus.
4. Реконструирана е зелената површина на ул.Петре Прличко – парк Автобуска станица на површина од 1959 м2, на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со обновување на тревната површина и засадување на 13 листопадни садници Betula verrucosa и 5 броја листопадни садници Platanus acerifolia.
5. Реконструирана е зелената површина на ул.Димитар Влахов – зеленило од Пензионерски дом до Железен мост на површина од 882 м2, на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со обновување на тревната површина и засадување на 10 листопадни садница Morus alba pendula , 5 броја листопадни садници Robinia pseudoacacia Globosa и 20 зимзелени садници Chamaecyparis lawsoniana.
6. Подигната е нова зелена површина на ул.Андон Шурков на местото на дислоцирани времени објекти на површина од 300м2 на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со подигнување на нова тревна површина.
7. Подигната е нова зелена површина на ул.Христо Узунов на местото на дислоцирани времени објекти на површина од 160м2 на која е поставен систем за наводнување и хортикултурно е уреден просторот со подигнување на нова тревна површина и засадување на 5 броја листопадни садници Acer psudoplatanus.
– На неколку локации во градот засадени се и:
1. Градски парк – Cedrus sp. 5 бр.
2. Младински парк – Magnolia 5 бр.
3. Парк Офицерски – Albizzia 10 бр.
4. Центар
– жардињери – Acer palmatum 3 бр.
– споменик Кочо Рацин – Acer palmatum 2 бр.
5.Центар
– комплекс банки – Picea sp 2 бр.
– Сквер Саат – Picea sp. 3 бр.
6. ул.Индустриска – Thuja Smaragd 6 бр.
Истовремено ЈКП Дервен на планираните локации засади и околу 35.000 броја цветен расад од видот Viola sp.
Цветниот расад и дендролошкиот материјал ги обезбеди Општина Велес.