Три дена беа доволни за повторно да се загади зелениот појас кај Топилница, откако во саботата (23.03.2019) беше темелно исчистена оваа локација во склоп на акцијата Денови на пролетта и денови на екологијата, во организација на Општина Велес, а во која беа собрани 128м3 отпад.
Доколку овој тренд на загадување на околината продолжи и во иднина, самите се осудуваме да живееме опкружени со отпад и нечистотија. Апелираме загадувањето на животната средина да престане, за сите ние и нашите семејства да живееме во поубав свет.
Благодариме.