Повторно отпад на игралиштето кај Дервенски поток
Откако на 26 и 27 Октомври ЈКП Дервен го исчисти игралиштето кај Дервенски поток од насобраниот отпад од домаќинствата кој несовесни граѓани го фрлаат во каналот, денеска, само пет дена по чистењето, сликата изгледа вака:
Ги замолуваме граѓаните сметот од домаќинствата да го изнесуваат во определените денови за собирање на смет, на соодветно место, и да не го фрлаат сметот на игралиштето каде децата треба да играат и каде фрлениот смет може да предизвика зараза и болести. Благодариме.