Поправен дефектот на водоводната линија за н. Превалец и с. Горно Оризари
Во текот на вчерашниот ден (11.05.2019), околу 16:00 часот беше поправен третиот последователен дефект на водоводната линија за н. Превалец и с. Горно Оризари.
Причина за дефектите беше пукање на застарена водоводна цевка, а причина за повеќечасовниот прекин на водоснабдувањето во овие населени места беше непристапноста на цевката, односно цевката беше на длабочина од 2 метра и опкружена со бетонски слој од 50см, поради што на вработените од Секторот Водовод им беше потребно подолго време за да го искршат бетонот и да пристапат до местото каде цевката била оштетена.
По извршената поправка на дефектот, водоснабдувањето беше повторно воспоставено.
Им се извинуваме на жителите на н. Превалец и с. Горно Оризари за непријатноста.