Реконструиран паркот пред СОУ Гимназија „Кочо Рацин“
Изминатата недела заврши реконструкцијата на зелената паркова површина пред СОУ „Гимназија Кочо Рацин”. Екипи на ЈКП „Дервен” интензивно работеа на негово уредување.
Учениците како и граѓаните сега имаат уште едно ново пријатно место каде ќе можат да го поминуваат своето слободно време.Реконструкцијата предвидува оформување на нови патеки, целосно осветлување, поставување на урбана опрема, клупи, канделабри и корпи за отпадоци.Од неодамна на целата површина е поставен и систем за наводнување.