Реконструкција на водоводна линија на ул. Родна Ивева
Поради итно пронаоѓање на дефект на водоводна линија кој предизвикува нарушување на водоснабдувањето на жителите на ул. Родна Ивева (од спој со ул.Димитар Влахов до ул. Родна Ивева бр.43), денеска (21.02.2019) ЈКП Дервен Велес започнува со работни активности за реконструкција на водоводната линија на улицата. Овие работни активности засега нема да предизвикаат прекин на водоснабдувањето. Прекин на водоснабдувањето ќе има дополнително, и за истото граѓаните ќе бидат известени.


