30/07/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Собирање на габаритен отпад од повеќе локации во градот

Деновиве Секторот Комунална хигиена собираше габаритен отпад оставан на несоодветни места на повеќе локации во градот.

Ги потсетуваме граѓаните дека габаритниот отпад не треба да се остава на улица и покрај контејнерите за смет, и дека доколку имаат потреба за отстранување на овој вид на отпад од домовите, ЈКП Дервен секоја пролет во месец април организира акција за собирање на габаритен отпад, кога граѓаните можат да се пријават и на договорениот ден отпадот ќе биде собран.

Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.