24/09/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Соопштение за јавност – Одбележување на 5 Јуни, Светскиот ден на животната средина

 
Општина Велес се приклучува во одбележувањето на 5ти Јуни – Светскиот ден на животната средина со организирање на следните настани:

  • На 4ти јуни (петок) со почеток во 11.00 часот ќе се пушти во употреба новоизграденото езерце и новата зелена површина во Градскиот парк;
  • На 5ти јуни (сабота) со почеток во 08.30 часот ќе се спроведе акција за чистење на јавните површини од отпад на потегот Стар мост – поранешен хотел Вила Зора.
    Зборно место на учесниците во саботната акцијата е 08.30 часот на Паркинг Пармак.
    Општина Велес ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат активно учество во настаните кои ќе се одржат. Нашата најдобра гаранција за иднината ќе биде нашето залагање и ангажирање за заштита на природата и за нејзино безбедно оставање во наследство на идните поколенија.

ОПШТИНА ВЕЛЕС

Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.