30/07/2021

ЈКП Дервен – Велес

Јавно претпријатие за комунални дејности

Спречете можна катастрофа – не фрлајте неизгасена жар од пепелот во контејнерите за смет

Почитувани сограѓани,

На 30.11.2018, откако го собрале комуналниот отпад од контејнерите од 1м3 на ул. Оливер Китановски, вработените на комуналното претпријатие забележале дека од товарниот дел на камионот (инаку новонабавено возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 22м3)почнало да излегува чад. Утврдено е дека несовесен граѓанин фрлил пепел со неизгаснат жар во контејнерот, што пак предизвикало палење на отпадот и штета на возилото.

Апелираме до граѓаните да не оставаат во контејнерите за отпад неизгаснат пепел, затоа што освен што се нанесува штета на возилата на комуналното претпријатие, имајќи во предвид дека возилото има резервоар со нафта од 200л. и дека се движи во населено место, при возење со запален отпад може да дојде до експлозија и можни човечки жртви.

Апелираме, во случај да забележите запален контејнер, да повикате противпожарна служба или да се јавите на дежурниот број на ЈКП Дервен: 076308038.

Благодариме однапред.

ЈКП Дервен

Copyright © All rights reserved ЈКП ДЕРВЕН - ВЕЛЕС 1400 | Newsphere by AF themes.