По налог на Општина Велес, денеска (10.10.2019 година) повторно се собира габаритен отпад што несовесни граѓани го оставаат по улиците и тротоарите, покрај контејнерите за смет, на повеќе локации во градот.
Потсетуваме дека акција за собирање на габаритен отпад има секоја пролет во месец април, истата трае цел месец и е бесплатна за граѓаните.