Чистење на долниот дел од Потокот
Во тек е акција за рачно чистење на долниот дел од Потокот (пред продавниците) од наталожен смет и отпадоци.
Притоа, утврдено е и дека откако пред десет дена беше темелно исчистено игралиштето кај Потокот, за жал тоа повторно е загадено со смет и отпадоци, поради што во текот на следната седмица, работниците од Сектор Комунална хигиена повторно ќе го чистат игралиштето.
Апелираме до граѓаните за поголема грижа за животната средина.
Игралиште кај Потокот денеска – 01.03.2019