ДОМА / Вести / Чистење на затната канализациона линија на ул. Благој Ѓорев

Чистење на затната канализациона линија на ул. Благој Ѓорев

Денеска (12.05.2019), извршено е чистење на затната канализациона линија на ул. Благој Ѓорев, во близина на детската градинка во н. Тунел.

При интервенцијата, утврдено е дека причина за затнувањето е огромно количество на влажни марамчиња, кои се неразградливи и не смее да се фрлаат во канализацијата.

Апелираме до нашите сограѓани да не фрлаат во WC школките отпад од домаќинствата, масло, пепел од огништата или влажни марамчиња, поради тоа што за кратко време настанува затнување на канализацијата и може да дојде до несакани последици.

Исто така, проверете

Миење на ул. Благој Ѓорев

Денеска (22.05.2019) по налог на Општина Велес, Секторот Комунална хигиена врши миење на ул. Благој …