Денеска вработените од Сектор Паркови работат на расчистување на снегот од тротоарите и посипување сол долж ул. Борис Трајковски, ул. Панко Брашнар, левата страна на ул. Благој Ѓорев (од н. Тунел до Пошта), ул. Алексо Демниев, ул. Кумановска, ул. Христо Татарчев, ул. Никола Карев, Младински парк и околината на зградата на Општина Велес. Вработените од Комунална хигиена го расчистуваат снегот и посипуваат снег по тротоарите долж улиците: 8 Септември, Алексо Демниев (десна страна), делови од Благој Ѓорев, Петре Прличко, Илинденска, на Стар мост и Мало мовче со галарија, како и пристапните патишта до црквите и патот кон Центар за јавно здравје (Уред).
