01.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 01.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, Благој Ѓорев (од почеток до касарна), Самоборска, Плоштад Којник, уреден простор Народна кујна, Петре Прличко, Димитар Влахов, Нада Бутникошарова, паркинг простор пред градски пазар (горен дел), паркинг простор кај Основен суд Велес, паркинг простор кај Саат кула, Борис Трајковски, скалила Борис Карпузов – Шефки Сали, уреден простор кај поликлиника Уред, и пешачки патеки кај е. Младост со летниковците.
Освен редовните работни активности, овој сектор работеше и на собирање на наноси од земја на ул. Орце Мартинов.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева долж улица Димко Најдов, Благој Ѓорев и пешачка патека од Градски парк до мостот кај градскиот базен, како и чистење на ситни отпадоци со помош на смукалка по патеките на паркот пред училиштето Васил Главинов, паркот кај Офицерскиот дом, Градскиот парк и долж улицата Благој Ѓорев. Исто така, во пресрет на празникот Илинден, вработените од Сектор Паркови работеа на поставување на знамиња на јарболи на повеќе локации во градот.