03.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 03.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, Благој Ѓорев (од почеток до касарна), Петре Прличко, Димитар Влахов, Нада Бутникошарова, 11 Октомври, паркинг простор пред градски пазар (горен дел) и ул. Лазо Осмаков со дел од Љубљанска.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева на повеќе локации во централниот дел од градот: пред пошта, кај комплекс банки, кај Саат кула, уреден простор Народна кујна и уреден простор кај поликлиника Уред, како и во паркот пред гимназијата Кочо Рацин. Вработените од овој сектор работеа и на кроење на грмушки долж ул. Никола Карев, како и чистење на ситни отпадоци со помош на смукалка по патеките на паркот пред училиштето Васил Главинов, паркот пред Гимназијата Кочо Рацин и долж улицата Благој Ѓорев.