Connect with us

Вести

Известување 03.11.2010

 

Во изјавата од страна на советничката група на СДСМ по повод одлуките усвоени од страна на Советот на општина Велес за утврдување на цени за комунални услуги беа изнесени неколку дезинформации.

– Беше изјавено дека сметката за вода на граѓаните ќе биде повисока. Поскапување на водата нема да има.

– Беше изјавено дека цените за ѓубрарина ќе се зголемат. Цените за услугата „собирање и транспортирање на смет“ ќе биде иста како во 2008 и 2009 година.

– Беше изјавено дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена за одржување на паркови и зеленило. Цената за оваа услуга останува иста за граѓаните, а зголемување на цената ќе има само за правните лица, односно фирмите.

– Беше изјавено дека граѓаните ќе му плаќаат на ЈКП Дервен повисоки цени за погребалните услуги, при што беше спомнато дека за да постават надгробен споменик треба на претпријатието да му платат 1.800 денари. Тоа не е точно. Направено е усогласување со Законот за гробишта при што се воведуваат приватни оператори за погребални услуги, а ЈКП Дервен ќе работи како Управител на градските гробишта (одржување на градските гробишта). Граѓаните нема да му плаќаат 1.800 денари за надгробен споменик на ЈКП Дервен, туку на операторот за погребални услуги.

Вести

Се обновува фонтаната во Младински парк

Поради значителна оштетеност на фонтаната во Младинскиот парк, а во соработка со Општина Велес, деновиве во тек е изведба на градежни работи за санација на фонтаната, односно обнова на подот, ѕидовите на фонтаната, системот за филтрација на вода и браварски работи. Со ова ќе се обнови фонтаната и ќе се подобри нејзината функционалност. Работните активности се очекува да траат 2-3 седмици.

Continue Reading

Вести

АПЕЛ: Плаќајте сметки за комунални услуги електронски

Поради состојбата со Корона вирусот во државата, ЈКП ДЕРВЕН – Велес ги потсетува сите граѓани дека како наши корисници бесплатно може да ги користат он-лајн услугите за: детална проверка на сметките за потрошена вода и електронско плаќање на доспеаните сметки за комуналните услуги.

За да можат да ги користат услугите потребно е да се најават (регистрираат) во системот на www.e-derven.mk. Плаќањето е без провизија, брзо, сигурно и едноставно on-line плаќање.

На овој начин граѓаните ќе избегнат посета на банки, пошти и наплатни центри.

За подетални информации и забелешки можете да не контактирате на:

 support@jkp-derven.com.mk или на телефон 043/231-011 локал 134

За да можете да го користите системот за е-наплата потребно е да извршите регистрација и тоа со следните податоци:

Continue Reading

Вести

Миење и дезинфекција на јавно-прометните површини во Општина Велес – 19.03.2020 година

Општина Велес и ЈКП „Дервен” денеска продолжуваат со активностите за чистење, миење и дезинфекција на следните јавно-прометни површини во градот:

– Миење и дезинфекција на ул. Живко Фирфов, ул. Славко Ѓоргиев Сватот, ул. Луј Пастер и ул. Индустриска

– Миење и дезинфекција на централните делови на с. Иванковци, с. Сујаклари и с. Мамутчево.

– Миење и дезинфекција на патеките во сите градски паркови  и просторот околу другите јавни зелени површини

– Миење и дезинфекција на плочници и тротоари на повеќе локации во градот

– Миење и дезинфекција на урбаната опрема, детските лулашки, справите за вежбање и автобуските постојки

Continue Reading