06.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 06.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, Благој Ѓорев (од почеток до касарна), Алексо Демниев (од почеток до Жито Вардар), уреден простор Народна кујна, мост Гемиџии, Стар мост и ул. Архиепископ Михаил.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, за време на викендот и во текот на денешниот ден работеа на косење на фудбалскиот стадион во Башино село, кој беше обраснат во трева и многу запуштен. Исто така денеска се косеше долж ул. АСНОМ, а се работеше и на отстранување на паднати гранки и дрвја на три локации во градот. Вработените од овој сектор работеа и чистење на ситни отпадоци со помош на смукалка по патеките на паркот пред училиштето Васил Главинов, паркот пред Гимназијата Кочо Рацин, Младинскиот парк и долж улицата Благој Ѓорев.