07.08.2018
Во склоп на своите редовни работни активности, на ден 07.08.2018 година, Сектор Комунална хигиена, односно одделението Јавна комунална хигиена изврши метење на следните улици: 8 Септември, Страшо Пинџур, Гоце Делчев, Илинденска, уреден простор Народна кујна, 11 Октомври, Петре Прличко, Димитар Влахов, Нада Бутникошарева, Лазо Осмаков со дел од Љубљанска, паркинг простор кај Градски пазар (горен дел) и дел од ул. Архиепископ Михаил.
Сектор Паркови, покрај редовните работни активности, во текот на денешниот ден работеа на косење на неорганизирано зеленило и трева околу повеќенаменското игралиште во Башино село, долж ул. Алексо Демниев (од парк Каршијака до семафорите), ул. Орце Шутев и во паркот пред Општина Велес. Вработените од овој сектор работеа и на кроење на зеленило кај комплекс банки, кај Врналиите и долж улица Шефки Сали, како и на чистење на ситни отпадоци со помош на смукалка по патеките на паркот пред училиштето Васил Главинов, паркот пред Гимназијата Кочо Рацин, Младинскиот парк и долж улицата Благој Ѓорев.